Утрински Весник
Свет

ЕМА ja потврди ефикасноста на вакцината на „Астразенека“ за сите возрасни групи

ЕМА ja потврди ефикасноста на вакцината на „Астразенека“ за сите возрасни групи

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача употребата на вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19 за сите возрасни групи и тоа е силен сигнал до сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини, велат од Европската комисија.

Во врска со информациите дека Германија и Белгија изразиле сомнежи за ефикасноста на вакцината на „Астразенека“ кај лицата над 65, односно над 55 години, Комисијата наведува дека е во надлежност на земјите членки да одлучуваат за дополнителни и построги барања за употреба на некои вакцини, сè додека тоа не е спротивно на препораките на ЕМА.

Европската комисија апелираше и до интернет-платформите, како што се Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл, итно да работат на решавање на дезинформациите што се појавуваат на социјалните мрежи кога станува збор за вакцините против коронавирусот.

„Живееме во глобална здравствена криза, а проверените информации можат да спасат животи“, е пораката на Брисел.

ЕУ потенцира дека од договорените 2,6 милијарди вакцини за подрачјето на ЕУ-27, во моментов се произведуваат 1,2 милијарди, што, според очекувањата на Брисел, треба да овозможи 70 проценти од населението во ЕУ да се вакцинира до крајот на летото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков