Утрински Весник
Свет

ЕМА: Се зголемува бројот на пациенти во Европа поради позаразниот подтип на омикрон

ЕМА: Се зголемува бројот на пациенти во Европа поради позаразниот подтип на омикрон

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека заедно со укинувањето на епидемиолошките рестриктивни мерки во многу европски земји, има зголемување на бројот на заразени лица, што се објаснува со побрзото ширење на полесно преносливиот подтип на омикрон БА2.

„Со оглед на зголемениот број на инфекции, важно е да се нагласи дека вакцинацијата сè уште обезбедува висока заштита од хоспитализација и смрт од Ковид-19, и покрај некои студии кои покажуваат дека со текот на времето има намалување на отпорноста на тешки форми на вакцинација кај најранливите групи. Во моментов нема индикации дека омикронскиот подвид БA2 подобро ја избегнува заштитата добиена од постоечките вакцини, но реакциите на антителата се значително различни во однос на различните омикронски подвидови“, вели Марко Кавалери од ЕМА.

Тој ги повикува граѓаните да се вакцинираат и да добијат бустер доза, со напомена дека во земјите со високо ниво на вакцинација, смртноста и хоспитализацијата се значително намалени.

Можете да прочитате

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска