Утрински Весник
Свет

ЕМА го препорача лекот на Мерк за лица со тешка форма на Ковид-19

ЕМА го препорача лекот на Мерк за лица со тешка форма на Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската агенција за лекови (ЕМА) го препорача експерименталниот лек на компанијата Мерк да се дава во првите пет дена од почетокот на симптомите на Ковид-19, кај оние возрасни на кои не им е потребна кислородна поддршка, но се во ризик од развивање тешка форма на болеста.

Европската агенција за лекови наведува дека лекот треба да се зема два пати на ден во период од пет дена.

Сепак, ЕМА советува да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост.

„ЕМА издаде препорака за поддршка на националните власти кои би можеле да одлучат за можната рана употреба на лекот пред да биде пуштен на пазарот, во момент на зголемените инфекции и смртни случаи од Ковид-19 во ЕУ”, порача европскиот регулатор.

ЕМА денеска почна да ја прегледува и документацијата за лекот на Фајзер, за евентуално да даде препораки за неговата употреба пред одобрувањето.

Европскиот регулатор, исто така, денеска порача дека не треба да се дои за време на лекувањето со лекот

Можете да прочитате

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија