Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон настапи во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден

Елтон Џон настапи во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден

Елтон Џон ја започна својата проштална турнеја Yellow Brick Road во САД откако доживеа вистинска драма на небото над Обединетото Кралство на пат кон Њујорк, при што неговиот приватен авион морал принудно да слета назад во својата земја.

Легендарниот рокер ја воодушеви публиката во Њујорк во познатиот „Медисон Сквер Гарден“ во вторникот, пеејќи многу од неговите хитови што го направија музичка икона.

Медиумите пренесуваат дека била потребна упорност и промена на планот за Џон да стигне во Менхетен навреме за настап по застрашувачката драма во воздухот, предизвикана од хидрауличниот дефект на неговиот приватен авион додека бил на пат од Британија кон САД.

Авионот на пејачот беше околу еден час во лет од аеродромот Фарнборо во Хемпшир во понеделникот за да го одржи распродадениот концерт кога пилотите решија да се вратат поради проблем со хидрауличните системи на авионот.

Работите станале уште пострашни кога ветрови со брзина од 80 милји на час го принудија пилотот два пати да го прекине принудното слетување.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста