Утрински Весник
Магазин

Елса Хоск ужива на одмор на Капри

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Елса Хоск ги покажа обликуваните стомачни мускули во микробикини во најновата објава на својот инстаграм-профил, каде што се пофали дека била на одмор на Капри, Италија.

Топ-моделот (33) позира во синобели бикини, а во заднината се гледаат темносино море и бранови што удираат во бродот на кој седи.

 

Златните прамни на атрактивната Швеѓанка слободно паѓаат до средината на грбот.

На друга фотографија, Хоск е во шорцови покрај базен, најверојатно, во вилата во која престојува.

Хоск е родена во Стокхолм, а својата модна кариера ја почна на 15-годишна возраст. Идејата да стане манекенка ја поттикнала семејна пријателка на нејзиното семејство, но никој не верувал дека малата Елса ќе направи толку голем успех.

Можете да прочитате

Бадник и Божиќ – празници на домот, семејството и светлината во срцето

Анџелина Џоли ја продава куќата во Лос Анџелес и го напушта Холивуд

Овие хороскопски знаци не можат да поднесат доцнење