Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас постигна погодок (за него втор во Серија А) во убедливата победа од 6-0 што Наполи предмалку ја забележа против Џенова на капитенот Горан Пандев. Младиот фудбалер прецизно стрелеше во 69 минута, тогаш за 5-0.
Инаку и Елмас и Пандев мечот го почнаа на клупата за резерви.
Елмас рано влезе во игра, во 23 минута кога се повреди Инсиње, а Пандев доби шанса за настап во 54 минута, при резултат 2-0 за домашната екипа.
Инаку резултатот го отвори Лозано, во 10 минута.
На почетокот на вториот дел погоди Зиелински за 2-0, а третиот гол на тимот предводен од Џенаро Гатузо беше дело на Мертенс во 57 минута.
Стрелец за 4-0 беше повторно Лозано, а Елмас се погрижи за петардата во голот на Џенова.
Конечните 6-0 во 72 минута ги постави нововлезениот Политано.
Наполи е лидер на табелата со 2 победи од исто толку меча.
Во истиот термин се одигра и мечот меѓу Кротоне и Милан. Славеа „Росонерите“ со 2-0.
Првиот гол беше дело на Кеси од пенал во првиот дел, по прекршокот врз Анте Ребиќ.
Вториот погодок го постигна новото засилување на Милан, Брахим Дијаз. Од свртување го најде патот до мрежата на противникот.
> Елмас со гол го зачини потопот на Џенова, Пандев немоќен! <