Утрински Весник
Спорт

Елмас-експрес! „Дијамантот“ погоди по само 11 секунди игра за водство на Наполи!

Елмас-експрес! „Дијамантот“ погоди по само 11 секунди игра за водство на Наполи!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас совршено ја искористи шансата да биде стартер за Наполи во мечот од Лига Европа против Спартак Москва, носејќи водство на „Диего Армандо Марадона“ по само 11 секунди игра.

22-годишниот Елмас доби шанса од тренерот Лучано Спалети, кој во последните мечеви во Серија А го внесуваше како замена во игра, и го покажа својот несомнен талент со кој стана миленик на навивачите на „партенопеи“.

> Елмас-експрес! „Дијамантот“ погоди по само 11 секунди игра за водство на Наполи! <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет