Утрински Весник
Магазин

Елизабет Мос во улога на конгресменката Кејти Хил

Елизабет Мос се подготвува да ја глуми поранешната американска конгресменка Кејти Хил во филмска адаптација на нејзините популарни мемоари.

Мос ќе ја портретира поранешната членка на американскиот Конгрес во претстојната филмска адаптација на мемоарите на 33-годишната Хил, која минатата година се најде во центарот на политичка бура откако се појавија скандалозни фотографии на кои позира гола, а потоа се откри дека била во бисексуална љубовна врска со нејзината партнерка, но и со машкиот асистент.

Мемоарите, со наслов „Таа ќе се крене“ со поднаслов „Како се станува воин во битката за вистинска еднаквост“, беа брзо преземени од „Блумхаус телевизија“ по нивното објавување во август.

Проектот моментално се развива како филм за стриминг платформа, а Хил ќе биде извршен продуцент, како што објави во вторникот „Дедлајн“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските тимовина СТЕМ Академија со врвни резултати на Светската олимпијада за роботика во Грција

Меѓународниот саем за туризам ќе се одржи на средината на месецов на планината Качкар во Турција

Свето Благовештение (Благовец) – 24info.mk