Утрински Весник
Свет

Елизабет Борн е новaта премиерка на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја назначи министерката за труд Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопштија од Елисејската палата.

Борн (61) со тоа стана првата жена на таа позиција од 1992 година, пренесува Ројтерс.

Нејзиното познавање на внатрешната работа на државата и француските синдикати ќе и помогне со веќе најавените реформи, вклучително и најконтроверзното предизборно ветување на Макрон во врска со зголемувањето на старосната граница за пензионирање, наведува британската агенција.

Макрон, кој, според Ројтерс, треба да испрати сигнал дека ги слушнал фрустрациите на гласачите изразени со слаб одѕив и голема поддршка за радикалната крајна десница и крајна левица, рече дека бара некој со зелена и социјална политика за премиер.

Се очекува Макрон и Елизабет Борн да ги назначат сите други членови на новата влада во наредните денови, пренесува АП.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција