Утрински Весник
Магазин

Елен Помпео морала да сними опасна сцена за „Вовед во анатомија“

Елен Помпео морала да сними опасна сцена за „Вовед во анатомија“

Актерката Елен Помпео (51) не сакала да одбие кога од неа било побарано да сними опасна сцена бидејќи нејзината дублерка ја удрила главата и била испратена на болничко лекување со потрес на мозокот.

По најавата на „Еј-би-си“ дека тие повторно ќе ја снимаат 17-тата епизода од втората сезона, во која пациент доаѓа во болница со бомба внатре во него, а ликот на Елен (Мередит Греј) е во негова близина. Еден фан сподели видео клип од експлозијата што ја фрла Мередит наназад на земја.

„Режисерот инсистираше да го сторам тоа откако професионалецот се повреди,“ напиша таа на Твитер, додавајќи дека целата сцена изгледала многу драматично.

Елен призна дека се чувствувала непријатно додека ја снимале акробацијата, но сметала дека не е во позиција да каже не.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста