Утрински Весник
Магазин

Елен Деџенерис делела откази поради одење на погреб и боледување

Елен Деџенерис делела откази поради одење на погреб и боледување

Дури 10 поранешни вработени (и еден сегашен) на популарната презентерка Елен Деџенерис ја обвинија својата поранешна шефица за малтретирање на работа.

Нејзиното шоу „Елен“, кое почна да се емитува во 2003 година, направи бренд од слоганот „Биди љубезен“ (Be Kind), но вработените тврдат дека Елен покажувала сосем поинакво лице кога камерите ќе се исклучат.

„Љубезноста е таму кога камерите се вклучени. Сè е заради шоуто. Знам дека таа им даваше пари на луѓето и им помагаше, но тоа беше само за публиката”, изјави еден од нејзините поранешни вработени за Buzz Feed.

Тие трпеле страв, омаловажување и расизам на работното место.

Една вработена, која работела на шоуто една година, завршила во ментална установа поради обид за самоубиство, а кога  се вратила на работа, дознала дека нејзиното работно место е укинато, пишува Buzz Feed.

Друг поранешен вработен рече дека треба да се бори со своите претпоставени за слободни денови. Тој бил отсутен поради боледување по сообраќајна несреќа, а кога отишол на погреб на член на семејството, бил отпуштен од работа.

Еден вработен имал проблеми на работа бидејќи се обидел да собере пари преку кампањата на GoFundMe за лекување што не му го покрива здравствениот фонд.

„Тие ме повикаа на разговор и беа многу лути. Беа загрижени дека барањето пари ќе наштети на имиџот на Елен. Тие се грижеа повеќе за тоа отколку да ми се помогне“, рече тој.

Едно лице добило отказ поради објавување фотографија од работа на „Инстаграм“.

Тие тврдат дека во предност биле вработените кои се согласиле да работат 10 часа без поговор и не се жалеле кога виделе како се однесуваат со другите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста