Утрински Весник
Свет

ЕК: Намалете го патувањето, но не затвораjте ги границите во рамките на ЕУ

ЕК: Намалете го патувањето, но не затвораjте ги границите во рамките на ЕУ
Dik 300x250 mk

Европската комисија ќе испрати писмо до земјите членки во кои ги повикува да се придржуваат кон договорените упатства кога станува збор за можни ограничувања на слободата на движење во рамките на ЕУ.

Оваа реакција на ЕК доаѓа по едностраното затворање на германската граница со Австрија, со цел да се запре ширењето на новиот вид коронавирус. Комисијата нагласува дека е загрижена и за потезите на Белгија, која ја продолжи забраната за неесенцијално преминување на нејзините граници до 1 април.

„Земјите членки треба силно да ги обесхрабрат небитните патувања во и од темноцрвените зони, но мора да се избегне затворање на границите, вели портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд.

Во Брисел потсетуваат дека сите земји членки го поддржаа предлогот на ЕК за заеднички и координиран пристап кога станува збор за ограничувања на движењето и дека секое непочитување на договорот ризикува поделби и проблеми во слободата на движење во рамките на Шенген.

Се додава дека покрај препораките на ЕК, кои ги прифатија сите земји членки, постојат и обврзувачки правила на Шенген, кои мора да се почитуваат на границите на земјите членки.

Поради сегашната пандемија, важно е земјите членки да можат да преземат мерки за запирање на ширењето на инфекцијата, особено новите видови на коронавирус, но тие мерки мора да бидат пропорционални и недискриминирачки кон граѓаните на ЕУ, заклучува Европската комисија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети