Утрински Весник
Свет

ЕК: Имаме доволно дози на вакцини, не ја разгледуваме кинеската

ЕК: Имаме доволно дози на вакцини, не ја разгледуваме кинеската

Во врска со најавата дека Унгарија, поради бавната испорака на европски вакцини, размислува за увоз на лесно достапни кинески вакцини, Брисел вели дека нема потреба за билатерална набавка на дополнителни вакцини и дека не се преговара со Кина на ниво на ЕУ.

„ЕУ обезбеди 2,3 милијарди дози потенцијални вакцини, а само од компаниите ‘Фајзер’ и ‘Модерна’ нарачавме вакцини за 80 проценти од населението во ЕУ, и тие веќе се користат“, изјави портпаролот на Европската комисија, Дана Спинат.

Европската комисија наведува дека само од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ се нарачани 760 милиони дози (600 милиони и 160 милиони) и дека наскоро ќе пристигнат и други вакцини.

„Затоа, нема потреба од какви било билатерални договори за дополнителни дози над оние што ги договори ЕК за потребите на сите земји членки“, рече Комисијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се заканува дека САД нема да се грижат за безбедноста на Ормускиот теснец

Експлозии во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракетен напад врз централен Израел

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар