Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Екс-фудбалер на Леверкузен, Фенер и Бешикташ убил еден и ранил четворица

Екс-фудбалер на Леверкузен, Фенер и Бешикташ убил еден и ранил четворица
Img 7972

Пензионираниот турски фудбалер, Сезер Озтурк, бил уапсен пред осум дена, откако во пресметка со огнено оружје, убил едно и ранил други четири лица. Информацијата во турската јавност се појави доцна синоќа.

Турските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и Башикташ, заедно со еден свој пријател, пукал кон луѓето со кои се скарал во сообраќајот.

Засега нема подробни детали за пресметката, а турските медиуми пишуваат дека Озтурк избегал од местото и дека подоцна бил уапсен.

Човекот кој бил убиен е извесен Халил Ибрахим С., кој наводно правел скара со пријателите во близина на патот по кој се движел Озтурк со својот пријател. Најпрвин дошло до физичка пресметка, а потоа поранешниот фудбалер влегол во возилото и започнал да пука кон Ибрахим и неговите пријатели.

> Екс-фудбалер на Леверкузен, Фенер и Бешикташ убил еден и ранил четворица <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН