Утрински Весник
Спорт

Екс-играч на Шкендија играл позитивен на Ковид 19, заразил цела екипа

Екс-играч на Шкендија играл позитивен на Ковид 19, заразил цела екипа

Поранешниот фудбалер на Шкендија (дресот на тетовската екипа го носел во 2014 година), 33-годишниот бугарски фудбалски интернационалец, Мартин Кавдански одиграл цел меч за својата актуелна екипа, прволигашот Царско село иако бил позитивен на Ковид 19.

Кавдански кој игра на позиција стопер одиграл цел меч за Царско село во дуелот против Черно Море од Варна и заразил 16 противнички фудбалери, а последните тестови покажале дека и четворица од неговите соиграчи се позитивни на вирусот.

Поради тоа, сега комплетната екипа од Варна е во карантин, а во Бугарија се крена голема врева околу целиот случај.
Останува отворено прашањето со какви санкции ќе се соочи фудбалерот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина