Екстремните временски настани, вклучувајќи силни топлотни бранови и разорни поплави, сега се нова норма, наведува Светската метеоролошка организација (СМО).
Извештајот за состојбата на климата за 2021 година посочува дека светот се менува пред наши очи, пренесе Би-Би-Си.
20-годишната просечна температура од 2002 година е на пат да надмине 1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа за прв пат.
Според студијата, глобалното ниво на морето се искачило на нов максимум во 2021 година.
Record greenhouse gas concentrations and accumulated heat have propelled the planet into uncharted territory, with far-reaching repercussions for current and future generations.
Extreme events are becoming the new norm: WMO #StateofClimate 2021#COP26 pic.twitter.com/y8KiuUq1rd— World Meteorological Organization (@WMO) October 31, 2021
Овие најнови бројки за 2021 година беа објавени од Светската метеоролошка организација претходно за да се совпаднат со почетокот на климатската конференција на ОН во Глазгов позната како COP26.
Студијата открива дека последните седум години, вклучувајќи ја и оваа, веројатно ќе бидат најтоплите во историјата, бидејќи емисијата на стакленички гасови достигна рекордни концентрации во атмосферата.
Придружниот пораст на температурите ја турка планетата на неистражена територија, се вели во извештајот.
„Екстремните настани се новата норма. Постојат сè поголеми научни докази дека некои од нив го носат отпечатокот на климатските промени предизвикани од човечкиот фактор“, рече професорот на СМО, Петери Талас.