Утрински Весник
Спорт

Експресна промена во правилата за Купот на Италија

Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Ријад на 22 декември, за жените влезот слободен
Dik 300x250 mk

Торино, 9 јуни 2020 (МИА) – Претстојниот реванш на турнирот за Купот на Италија ќе се одржи под променети правила, открива „Кориере дело Спорт“. Идејата е да нема продолженија, туку да се оди директно на извршување на пенали. Се очекува официјална потврда.

Ова е направено за да не се преоптоваруваат играчите по долгата пауза и недоволното време за целосни подготовки.

Во петокот Јувентус е домаќин на Милан по 1:1 во првиот судир, а еден ден подоцна Наполи го пречекува Интер по победата од 1:0 на „Меаца“.

Финалето на турнирот е следната среда (17 јуни), а и во него нема да има продолженија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт