Утрински Весник
Свет
Img 7972

Експлозија на боца со кислород, ковид-пациент доби изгореници во болница во Приштина

Експлозија на боца со кислород, ковид-пациент доби изгореници во болница во Приштина
Img 7972

На Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина експлодира боца со кислород, пренесува „Косово онлајн“.

Притоа е повреден пациент кој се лекувал од Ковид-19 и кој бил на кислородна терапија, пишува „Љајми“.

Приштинскиот медиум наведува дека пациентот се здобил со повреди и изгореници на горните екстремитети.

Сведок на настанот изјави за РТК дека тој е на клиниката веќе 12 дена и дека има постојан недостаток на кислород, особено кај неподвижни пациенти.

Тој посочи дека експлозијата се случила затоа што немало никој да му помогне на пациентот во лични потреби и апелираше до институциите да го решат проблемот со кислородот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен