Утрински Весник
Свет

Експлозија во фабрика за памук во Индија, загинаа 12 лица

Експлозија во фабрика за памук во Индија, загинаа 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија и пожар во хемиски магацин во фабрика за памук во западна Индија, соопшти спасувачката служба. Според извештаите на локалните медиуми, дел од магацинот се урнал од јачината на експлозијата, а оштетени се и неколку околни згради во предградието на градот Ахмедабад во државата Гуџарат.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 50 пожарникари со 24 возила. По неколку часа, огнот е ставен под контрола, јавува АП.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан