Утрински Весник
Свет

Експлозија во фабрика во Јужна Кореја – загинаа четири лица

Експлозија во фабрика во Јужна Кореја – загинаа четири лица

Во експлозија во фабриката на јужнокорејската петрохемиска компанија „Yeochun NCC“ (YNCC), во пристанишниот град Јеосу, загинаа четири лица, а четворица се повредени, соопшти денеска противпожарната служба.

Несреќата се случила при тестирање на истекување во процесот на чистење, што е постапка што се изведува на секои четири години, рече службеникот.

Инцидентот се случи во време кога компаниите се подготвуваат за построги контроли според новиот јужнокорејски закон, кој предвидува казни за раководството за инциденти во кои умираат вработени, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Експерт од ЕК: Во кризи, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за справување додека не пристигне помош од владата

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

Иран: Трамп се повлече по нашето цврсто предупредување