Утрински Весник
Македонија

Експлозија во семејната пекара на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски

Експлозија во семејната пекара на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Фејсбук објави дека утрово околу 3 часот била „фрлена експлозивна направа“ во продавница во скопската населба Ѓорче Петров, што неговото семејство ја работи со децении, при што е причинета материјална штета.

– Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017-та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!, се наведува во објавата на Мисајловски на Фејсбук, на која е прикачено и видео.

МВР потврди дека денеса во 03.40 часот било пријавено оти на ул. „Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнала детонација.

– По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Од власта велат "можеме" , дека сме на "прав пат", и дека било " нормално", но на терен се е поинаку. Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!

Posted by Vlado Misajlovski on Недела, 21 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата