Утрински Весник
Свет

Експлозија во близина на железничка станица во Велика Британија

Експлозија во близина на железничка станица во Велика Британија

Најмалку едно лице е повредено во експлозија во близина на железничка станица во англискиот град Стоумаркет. Локалната полиција во градот, која се наоѓа во округот Сафок, била известена за експлозијата околу 20:20 часот по локално време, јавува Би-би-си.

Полицијата првично соопшти дека едно лице е тешко повредено, но веќе не се верува дека таа претрпела сериозни повреди, јави Скај њуз.

Портпаролот на Службата за итни случаи изјави дека им била укажана помош на две лица, кои се здобиле со полесни повреди, а едно е пренесено во болница.

Пожарникарите и здравствените работници заминале на местото на настанот, а луѓето биле повикани да ја избегнуваат областа.Патиштата во близина се евакуирани, вклучувајќи ја и железничката станица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25