Утрински Весник
Свет

Експлозија во близина на аеродромот во Кабул

Експлозија во близина на аеродромот во Кабул

Во близина на аеродромот во Кабул, Авганистан, попладнево се случи експлозија, потврди портпаролот на Пентагон, Џин Кирби.

Засега нема информации за жртви.

Талибански претставник тврди дека најмалку 13 лица загинале во нападот на аеродромот и дека се ранети жени и деца, како и голем број талибански чувари, пренесе Ројтерс. Засега нема официјална потврда на овие информации.

Медиумите јавуваат за најмалку двајца напаѓачи.

Авганистански новинар, кој бил евакуиран од земјата пред неколку дена, вели дека експлозијата се случила во канал за отпадни води, каде што на авганистанските бегалци им биле проверувани визите. Наводно, бомбаш -самоубиец го активирал својот експлозив во толпата луѓе, пред вториот напаѓач да отвори оган.

Можете да прочитате

Падна француската влада – парламентот ѝ изгласа недоверба

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот