Утрински Весник
Свет

Експерти: Трета доза од кинеската вакцина само за оние со послаб имунитет

Кинеската вакцина го намалува ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти

Сигурно е дека ќе биде потребна трета доза од кинеската вакцина „Синофарм“ против Ковид-19, но не за сите вакцинирани, туку за оние кои имаат послаб имунитет и за оние кои воопшто немаат имунитет вели Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на Нуклеарна енергија ИНЕП.

Таа додава дека е сосема јасно дека вакцините со понова технологија ќе создадат подолготрајна заштита од најмалку една година, нагласувајќи дека сите вакцини се безбедни, а кинеските подоцна произведуваат антитела.

„Синофарм“ е многу безбедна, класична вакцина, но е малку послаба. Недостаток на вакцината е тоа што таа делува подоцна “, рече Гњатовиќ.

Според неа вакцинацијата дејствува така што оние лица кои немаат антитела а се во контакт со вирусот, развиваат заштита многу порзо, додавајќи дека не биле потврдени никакви штетни ефекти по спроведувањето на вакцината.

„Станува збор за очекувани реакции, слабост, температура, болка на местото на убодот“, изјави Гњатовиќ.

Таа се осврна и на новиот вид на вирусот од кој се заразени голем број на луѓе во Индија, посочувајќи дека нема научни докази дали вирусот е поопасен во смисла на предизвикување потешка клиничка слика или побрзо ширење на вирусот,објавија медиумите во регионот.

„Овој вирус треба да се следи и строго да се контролира“, рече таа.

Можете да прочитате

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел