Утрински Весник
Свет

Експертите предупредуваат на „пандемија“ од витамин Д

Експертите предупредуваат на „пандемија“ од витамин Д

Медицинската и стручната јавност предупредува на неселективно користење на витамински додатоци во услови на пандемија од коронавирусот.

За само неколку месеци, научниците се префрлија од предупредувањето за недостаток на витаминот Д кај населението во предупредување за злоупотреба и неселективна употреба на додатоци кои се нудат за подобрување на имунитетот, пишува шпанскиот весник „Паис“.

„Потребите за витамин Д може да варираат од личност до личност, така што нема единствено ниво на концентрација на 25-хидроксивитамин Д што го дефинира дефицитот и нема усогласеност за точното ниво на витамин Д што претставува оптимално здравје“, стои во изјавата на тим од експерти од Северна Америка.

Научниците од американскиот национален институт за здравство предупредуваат дека преголемите концентрации на витамин Д во крвта се скоро секогаш последица на неговата прекумерно конзумирање преку додатоци во исхраната и дека тие можат да предизвикаат откажување на бубрезите и аритмија, и на крајот смрт.

Употребата на премногу хранливи додатоци како што се витамините, дури и оние неутрални како вода, може да има штетни последици по здравјето на луѓето, велат научниците.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата