Утрински Весник
Свет

Експертите открија дека куната може да им го пренесе коронавирусот на луѓето

Експертите открија дека куната може да им го пренесе коронавирусот на луѓето

 

Во Холандија е забележан втор случај на пренесување на коронавирус од куна на човекот, соопшти холанското Министерство за земјоделство.

Сепак, Националниот институт за здравство смета дека ризикот од пренесување на болеста од животни на луѓе надвор од фармите каде што се чуваат е занемарлив, пренесува „Ројтерс“.

Работник на фарма каде што се одгледуваат куни за извоз на крзно бил заразен со коронавирус преку животните за кои се грижи.

Појавата на зараза со коронавирус кај куни на фармите во Холандија е забележана уште во април кога вработените забележале дека некои животни имаат тешкотии при дишењето, што предизвикало дополнителна истрага.

View this post on Instagram

#marder #marten #martenanimal #rodents #animalphotography #tierfotografie #tierfotos #tierfotodestages #photooftheday #animalphotooftheday #animals #tiere #anholterschweiz #bärenwald

A post shared by Kathrin Matzioschek (@k.matzioschek_fotografie) on

Сепак, експертите тврдат дека постои многу мала можност човекот да се зарази со коронавирус од животни, а особено од домашни миленици како кучиња и мачки.

Во светот само две кучиња и две мачки беа позитивни на Ковид-19, според податоците на Американското здружение за ветеринарство.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија