Утрински Весник
Свет

Експертите од СЗО в четврток ќе пристигнат во Вухан

Администрацијата на Трамп ги редуцира контактите со СЗО

Кина објави дека експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја започнат посетата на Вухан в четврток, од каде се рашири пандемијата на коронавирус на крајот на 2019 година.

Се наведува дека експертите на СЗО ќе пристигнат во Вухан од Сингапур, пренесува АП.

Директорот на СЗО, Тедрос Адананом Гебрејесус, минатата недела изрази незадоволство поради одложувањето на пристигнувањето на научниците во Вухан.

Откако Кина во понеделникот најави прием на експертите на СЗО, Гебрејезус рече дека научници од повеќе земји ќе се обидат да утврдат како се пренел вирусот на луѓето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претседателот на Иран потенцираше дека секој напад врз врховниот лидер е објава на војна

Телефонски разговор Руте – Трамп

Прогласена вонредна состојба во Чиле