Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Еко-свест: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпадот од пластика

Еко-свест: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпадот од пластика
Img 7972

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест соопшти дека во целост го поддржува стапување на сила на одредбите за забрана за користење на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, која почнува со примена од денес.

„Ја поддржуваме одлуката да се преземат мерки за да се намали употребата на пластични кеси и очекуваме со правилно спроведување таа да има позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и микропластика. Исто така, со ваквата одлука, очекуваме да се овозможи и понатамошен развој на циркуларната економија, со што ќе се стимулира селекција на отпад кога ќе се создаде соодветна инфраструктура за тоа“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, Извршна директорка на Еко-свест.

Таа додаде дека ова е само првиот чекор во борбата со пластичното загадување, па очекуваат во блиска иднина да се пристапи и кон регулирање на другите производи од пластика за еднократна употреба, како цевки, чаши или прибор за јадење.

Истовремено, Еко-свест апелира до трговците и мрежата на супермаркети во своите продажни мрежи да стимулираат користење на хартиени кеси и платнени торби за повеќекратна употреба, а повикува и на доследно спроведување на забраната за употреба на пластика за еднократна употреба во националните паркови и заштитени подрачја која исто така стапува на сила од денес.

Можете да прочитате

Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето

Нино Васев бара обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот Онкологија

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности