Утрински Весник
Македонија

„Еко герила“: Тетово е без вода, да се испита изградбата на хидроцентралите во Лешница

„Еко герила“: Тетово е без вода, да се испита изградбата на хидроцентралите во Лешница

Еколошкото здружение од Тетово „Еко герила“ прашува зошто во градот два дена нема вода и укажува на честите дефекти во новоизградената мрежа во Лешница.

Според здружението, ваквите дефекти оставаат сериозни сомневања за квалитетот на градбата, каде многу граѓани ја имат изгубено довербата во сериозноста на работите кои ги реализира или нарачува Општина Тетово.

„Истражна комисија од независни експерти треба да го испита нивото на изградбата на оваа мрежа и дали таа ги исполнува потребните стандарди и параметри за нормално функционирање и редовно снабдување со вода за пиење на Тетово“, порачуваат од „Еко герила“.

Велат дека директорката на Инспекторатот за животна средина Ана Петровска, неодамна предупредила дека со изградбата на хидроцентралата на Шар Планина во Лешница, водата за пиење може да биде загадена и граѓаните на Тетово да бидат загрозени да останат и без вода. Изградбата е на само 300 метри близу до каптажата. Затоа, како што велат од здружението, контролата на целата документација за градежни дозволи издадени од Општина Тетово за овие хидроцентрали мора да помине од експертска анализа.

„Последиците од овие градби од хидро-мафијата го загрозуваат Тетово и околината за правото на вода за пиење. Трпението на граѓаните е при крај. Некој треба да преземе одговорност за ова“, се додава во нивното соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен пожар го обви Скопје во чад и неподнослива миризба во повеќе населби

Полициските хеликоптери исфрлија повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

Експлозии на две буриња со хемикалии: Пожар во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков