Утрински Весник
Македонија

Еко Герила: Општина Тетово да ги чисти улиците додека се празни поради полицискиот час

Еко Герила: Општина Тетово да ги чисти улиците додека се празни поради полицискиот час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово,11 април 2020 (МИА) – Додека се празни улиците во Тетово поради полицискиот час, сите да бидат исчистени, бара Движењето „Еко Герила“ од општинската власт.

Барањето го темелат на потребата за поголема хигиена.

– Апелираме Општина Тетово да се мобилизира, искористуваќи го полицискиот час, за миење на валканите и правливите улици во нашиот град. Гледајќи ја виталната важност на хигиената денес, сите треба да бидеме внимателни во одржувањето на чистотата во градот.Затоа, бараме оваа мобилизација од страна на Општината, така што овие денови, кога сообраќајот значително е намален, може да ги исчисти нашите улици во сите делови на градот, се вели во соопштението на Еко Герила. ас/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух 

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид