Утрински Весник
Македонија

Еко-акција: Сонот на штипјани за поубав град

Еко-акција: Сонот на штипјани за поубав град

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена нова акција од страна на Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”.

„Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно  направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење. Во најголем број граѓаните укажаа на проблемот со нечистотијата и ѓубрето, не безбедни пешачки премини и немањето на  рампи за инвалидни лица, небезбедни булевари, тротоари кои служат за паркинг наместо за пешаци, осветлување на улици, потребата од зелени површини, функционални и безбедни детски игралишта и недостаток на кино. Сонот на штипјани се да нема сообраќаен метеж и имаат проодни и безбедни булевари и тротоари, чиста животна средина ,повеќе зелени површини за рекреација и кино. Овие соништа за поубав, почист, безбеден и зелен Штип, ги прикажавме преку поставени табли низ локации во градот каде граѓаните во истражувањето ги потенцирале како проблематични“, велат организаторите.

Тие апелираат до граѓаните и до јавните претпријатија во градот и општината за поголема грижа за чист и зелен град, осветлување на улиците, санкционирање на несовесните возачи кои ги користат тротоарите за паркинг и узурпираат простори наменети за пешаци, побезбедни и прегледни булевари за поголема  безбедност во сообраќајот и нови зелени површини наменети за рекреација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет