Утрински Весник
Македонија

Еко-активисти засадија 60 „дрва на пријателството“ во Општина Аерoдором

Еко-активисти засадија 60 „дрва на пријателството“ во Општина Аерoдором

Македонската компанија Treebanks, екоактивистите од „Скопје смог аларм“ и платформата AirCare („Мој воздух“), во соработка со Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ), засадија 60 дрвца од видот платан во општина Аеродром во паркот на булеварот Србија наспроти Полициската станица Аеродром.

Акцијата беше спроведена во рамките на регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“ преку истовремено садење вкупно 400 дрвца во шест регионални главни градови: Скопје, Белград, Тирана, Приштина, Подгорица и Сараево. Преку 10 партнерски организации од регионот се вклучија во акцијата.

„Се надеваме дека оваа акција ќе продолжи и ќе стане пракса и во иднина. Овој проект го работевме со многу љубов зошто е еден од ретките што истовремено сплотуваат повеќе држави и националности кои имаат едно нешто заедничко – а тоа е, за жал, загадениот воздух“, изјавуваат коорганизаторите на настанот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег