Утрински Весник
Спорт

„Екип“: Ливерпул се подготвува за сензационален потег, доколку го загубат Мане

Гвардиола: Стерлинг не може да се споредува со Роналдо и Меси (видео)

Ливерпул, 31 март 2020 (МИА) – Ливерпул разгледува сензационална понуда за sвездата на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, што ќе биде направено доколку Садио Мане одлучи да се пресели во Реал Мадрид. Ваква теорија пушти престижното француско издание „Екип“.
Според нивни извори, директорите на „Енфилд“ стравуваат дека Сенегалецот може да биде во искушение од Реал, за чиј интерес се зборува повеќе од една година.

Самиот Стерлинг, кој исто така беше поврзан со трансферот на „Сантијаго Бернабеу“, ќе го напушти „Етихад“ доколку остане казната за Манчестер Сити за не учество во евротурнирите во наредните две сезони. Барем така тврдат медиумите на Островот, иако агентот на играчот ги негираше информациите.

Според „Екип“, Стерлинг е склон да се врати на „Енфилд“. Пред една недела, англискиот репрезентативец беше прашан директно дали ќе се врати во Ливерпул и одговори дека го сака клубот. Сепак, навивачите на тимот од Мерсисајд се свртеа против него за начинот на кој се обиде да го изнуди неговиот трансфер во 2015 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ