Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан: Случајот за авторски права беше за чесност, а не за пари

Ед Ширан: Случајот за авторски права беше за чесност, а не за пари

Ед Ширан вели дека неодамнешниот судски спор за авторски права за една од неговите песни не бил за пари, туку за чесност и залагање за она што е правилно.

Во интервју за „Њусрајт“ на „Би-би-си два“, британскиот пејач и текстописец изјави дека немал друг избор освен да го брани своето дело на суд.

За да се заштити од идните вакви тврдења, како тоа на Семи Чокри, Ширан отсега натаму ќе ги снима сите сесии кога пишува песни и кога создава нова музика.

Судијата во средата одлучи дека Ширан не ја плагирал песната Oh Why на Семи Чокри.

Опишувајќи го судскиот случај како долг и непријатен за сите инволвирани, Ширан рече: „Немав друг избор освен да се борам против тужбата“.

„Можете да добиете пресуда или спогодба, и кога знаете дека сте во право, тогаш не можете да се спогодувате само од принцип.“

„Нашите хонорари (моите и на коавторите на песната) ни беа замрзнати и ни беа дадени две опции и ја избравме опцијата која е поважна за нас.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста