Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан негира дека „позајмил“ музика од други уметници

Ед Ширан негира дека „позајмил“ музика од други уметници
Dik 300x250 mk

Бритистичкиот пејач Ед Ширан негира дека ја сменил музиката и зборовите на други уметници за да ја пренесе нивната работа како своја.

Тој се појави во Високиот суд во Лондон во понеделникот за да даде изјава по тужбата за плагијат, поднесена од двајца музичари, а се однесува на неговиот хит Shape Of You што беше на врвот на топ листите во 2017 година.

Неговото сведочење е дел од судењето за кршење на авторски права.

Британскиот пејач е во спор со музичарот Семи Чокри (Семи Свич) и неговиот продуцент Рос О’Доног – кои тврдат дека Shape of You „прекршува посебни линии и фрази“ од нивната нумера Oh Why, објавена во 2015 година.

Адвокатот Ендрју Сатклиф, кој го застапува музичкото дуо, тврди дека Ширан „позајмува идеи и ги става во своите песни и дека понекогаш го признава тоа, но понекогаш не“.

Но, Ед инсистираше на тоа дека не знаел за Сами пред да биде напишана песната.

„Веќе изградив долга и многу успешна кариера пишувајќи оригинални песни и за себе и за многу други водечки уметници“, рече Ширан во изјавата како сведок. „Не ќе можев да го правам тоа доколку сум имал навика да плагирам други автори.“

Можете да прочитате

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)