Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан и Камила Кабело ќе настапат на добротворниот концерт за Украина

Ед Ширан и Камила Кабело ќе настапат на добротворниот концерт за Украина

Камила Кабело, Ед Ширан и „Сноу Патрол“ ќе настапат на ‘Концертот за Украина’ следниот вторник, кој ќе се емитува на Ај-ти-ви и Ес-ти-ви.

Емели Санде, Беки Хил, Грегори Портер и Шик исто така се на списокот, а во меѓувреме се очекува и други да го потврдат своето учество.

Билетите за настанот ќе бидат пуштени во онлајн продажба денес, 22 март, а концертот ќе се одржи во Бирмингем во вторник на 29 март.

„Моето срце е скршено за народот на Украина,“ изјави Кабело. „Сите имаме одговорност да помогнеме“.

Концертот ќе го води Ема Бантон (од “Спајс грлс“), заедно со Марвин Хјумс и Ронан Кемп, а ќе учествуваат и The Manic Street Preachers и Том Одел.

Приходите од концертот ќе бидат наменети на хуманитарниот апел на украинскиот комитет за вонредни ситуации , кој обезбедува храна, вода, засолниште и медицинска помош за раселените лица во Украина и бегалците во соседните земји.

 

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци