Актерот беше забележан од папарците кога се обиде да се пошегува со својата девојка, потег кој наиде на целосно игнорирање од нејзина страна.
Ед Вествик одглуми дека наводно ја запросува Тамара Франческони додека беа на одмор на езерото Комо во Италија, а фотографите го забележаа како клечи пред својата избраничка како да сака да ја запроси. Меѓутоа изгледа дека шегата не му успеа.
33-годишниот актер, наместо прстен, од устата извадил лижавче и ѝ го покажал на Тамара. Судејќи по озбилниот израз на лицето на Тамара, очигледно е дека не ѝ се допаднала шегата, а во еден момент ја завртела главата за да не комуницира со него.
Неодамна извори блиски до парот открија дека топ-моделот е пресреќна и дека Ед е горд што на сите може да им каже дека таа е негова девојка. „Пријателите и смејството на Ед ја одобруваат врската и мислат дека одлично се сложуваат како пар.“