Кичево, 19 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба во Кичево и околината е стабилна.
Од СВР – Охрид во периодот од 19 часот на 18 април до 07 часот на 19 април едно лице во Кичево ја прекршил забраната за движење за време на полицискиот час.
– Против него, ќе биде поднесена кривична пријави во согласност со член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.
Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела.
Димовски истакна дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.
Извршени се 181 контроли врз лица во самоизолација од кои 26 во Кичево.
Полициските службеници извршија и 77 контроли на угостителски објекти.рз/фф/