Утрински Весник
Економија
Img 7972

Еднократната помош од 6.000 денари граѓаните ќе можат да ја користат без временски ограничувања

Еднократната помош од 6.000 денари граѓаните ќе можат да ја користат без временски ограничувања
300x250 opst2

Владата информира дека околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари, можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година.

„Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите ќе може да се користат непречено веднаш по уплатата на сметка.

Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност.

Доколку не беа опструкциите и блокадите во Собранието од страна на опозицијата за навремена реализација на четвртиот пакет економски мерки, граѓаните ќе беа во можност своите средства да ги користат доста порано, а со тоа и економската активност во државата ќе се подобреше порано“, соопшти владата.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата