Утрински Весник
Свет
Img 7972

Еди Рама побара од парламентот да го смени претседателот Илир Мета

Еди Рама побара од парламентот да го смени претседателот Илир Мета
Img 7972

Албанскиот премиер Еди Рама побара од пратениците да гласаат за разрешување на претседателот на државата, Илир Мета, изјавувајќи дека тоа е волја на народот и дека мора да се исполни без одлагање.

Обраќајќи им се на пратениците, тој рече дека Мета ја посрамотил Албанија во односите со САД и меѓународните претставници, пренесува порталот Егзит.

„ Мета не може да го има високиот статус што му го даде парламентот. Мета ја заврши работата. Парламентот нека се изјасни со гласање“, рече Рама.

Тој повтори дека Мета го прекршил Уставот и ја предал мисијата на претседателот.

„ Мета ја уништи институцијата за гарантирање на национално единство, надминувајќи ја границата на виталната поделба на моќта во нашата парламентарна демократија“, рече Рама, додавајќи дека Мета законски и морално ја оштетил Албанија.

За да може Мета да биде разрешен, потребно е две третини од пратениците да изразат недоверба, односно 94 од 122.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож