Утрински Весник
Македонија

Единствен број за пријавување опасности ќе биде 112

Единствен број за пријавување опасности ќе биде 112

Владата ja усвои информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за потребата од обезбедување на телекомуникациски сервиси за единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата Е-112.

Согласно препораките на ЦУК, Владата ги прифати заклучоците за телекомуникациските оператори Телеком и А1 Македонија да бидат задолжени да ги активираат сервисите за Е-112 бесплатно за корисниците и за операторот на системот за алармирање.

Како заклучок е усвоена и препораката операторите да обезбедат бесплатно препраќање на СМС пораките, за корисниците и за операторот на Е-112 системот, кои ќе бидат упатени преку единствениот број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата Е-112, како и да ја обезбедат бесплатно услугата на E-call за повиците кои ќе доаѓаат од автомобилите.

Можете да прочитате

Две лица пренесени во болница по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Јаневска: Квалитетното образование се темели на добри наставници

,,Ера” и музичките концерти го отвараат официјалниот репертоар на 24.CINEDAYS