Утрински Весник
Македонија

Единствениот зелен пазар во Кичево ќе има сопствен паркинг

Единствениот зелен пазар во Кичево ќе има сопствен паркинг

Кичево, 19 јуни 2020 (МИА) – На единствениот зелен пазар во Кичево од утре ќе почне да функционира паркинг простор, наменет за потребите на купувачите.

– Од утре, ќе овозможи паркирање на возила на просторот во близина на зелениот пазар, што го уредивме за оваа намена. Со ова ќе ги подобриме условите на нашите клиенти односно купувачите, кои имаа потешкотии при пристапот со нивните возила до пазарот. Овој проблем беше особено изразен во сабота кога во Кичево е пазарен ден, рече Арифи Алими, раководител на зелениот пазар кој работи во склоп на ЈКП „Комумалец“.

Единствениот зелен пазар во Кичево, освен во сабота, отворен е и во другите работни денови. рз/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Локални избори 2025: Најмладиот кандидат за градоначалник има 23, настариот 79 години

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари