Утрински Весник
Политички Партии

Единствена Македонија ја започнува изборната кампања

Единствена Македонија: Поднесовме амандман за измените на Изборниот законик, бараме еднаквост на партиите на избирачките места

 

Скопје, 24 јуни 2020

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ја започнува изборната кампања која ќе се води на терен преку непосредни разговори со народот „очи во очи“, преку социјалните мрежи и соопштенија/пресови/изјави преку класичните медиуми.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ настапува со кандидатски листи во сите шест изборни единици. Во првата единица носителка е Билјата Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија, во втората Јове Кекеновски претседател на ФРОДЕМ, во третата Вангел Симев член на ИК на Единствена Македонија, во четворката Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија, во петтата Ацо Николовски генерален секретар на Единствена Македонија и во шестата изборна единица Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово.

Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана.

Злото во Република Македонија има име. Злото се вика Партијата „Погреб за Македонија“ составена од ДПМНЕ и СДС кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата и на 15 јуни ќе биде поразена. Затоа, мора да го кажаме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на 15 јули – настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот – или ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ги поништат антимакедонските договори и ревизија и одземање на украдените околу 15 милијарди евра во изминатите 30 години.

Силно веруваме дека десетте стратешки определби се остварливи од нашата Платформа „Битка за Македонија“ која во изминатиот период ја поделивме во 100.000 примероци низ Македонија. Во име на овие определби, го повикуваме македонскиот

народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме.

Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ на избирачкото ливче е под број 11. Настапуваме под слоганот: „Главата горе Македонци. Ова е наша земја, Ние одлучуваме“!

Центар за комункации на Единствена Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт