Утрински Весник
Македонија

„Единствена Македонија“: Ковачевски лаже – суши за средба со Блинкен, трчал по ходнициите во Минхен да се слика со него

„Единствена Македонија“: Ковачевски лаже – суши за средба  со Блинкен, трчал по ходнициите во Минхен да се слика со него
Dik 300x250 mk

Марионетсиот премиер Димитар Ковачевски продолжува кај што застана неговиот претходни Зоран Заев. Продолжува да влегува од лага во лага, велат од „Единствена Македонија“.

„ Ковачевски вчера беше жив фатен во нова лага за наводна средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Минхен, Германија. Ковачевски лично објави дека имал средба со Блинкен и како што вели средбата била многу срдечна.

Вистината е дека Ковачевски немал средба со Блинкен, туку само трчал по ходниците во Минхен за да се слика со него, а сликата ни ја прикажува како да имал средба со американскиот државен секретар“ посочуваат од партијата.

Потврда за лагата на Ковачевски, како што додаваат, дошла од најкомпетентното место – американскиот Стејт Департмент, кој ја објави агендата за сите средби на Блинкен во Минхен. Но, од агендата се гледа дека Блинкен немал средба со Ковачевски за време на неговиот престој во Минхен ниту пак Стејт департментот објави за таква средба, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство