Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласат за „персона нон грата“

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласат за „персона нон грата“

Партијата Едиснтвена Македонија, смета дека претставниците на бугарската Влада, Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и Андреј Ковачев, треба да бидат прогласени за непожени личности – „персона нон грата“, поради секојдневни провокации кон македонскиот народ.

„Македонската држава и Македонскиот народ, секојдневно по европските престолнини се изложени со груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација, историја и јазик од страна на Захариева, Каракачанов и Ковачев. Недозволиво е тие од центрите на ЕУ каде се вели дека владее правото, правдата и слободата, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците. Затоа, Единствена Македонија иницира постапка за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија“, порачаа од партијата преку соопштение.

Партијата нагласува дека Македонија има меѓународно – правно признато право да прогласи одреден личност за непожелна без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси. Со тоа, доколку Захариева, Каракачанов и Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности, додава Единствена Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна