Единаесет годишно девојче од англискиот град Тамворт, во близина на Бирмингем, се борело за живот откако по прележан Ковид-19, паднала во тешка постковидна состојба од која пожолтело.
Медисон Кери колабирала еден месец откако била позитивна на тестот за ковид, а родителите рекле дека се работи за ретка, но сериозна воспалителна болест која може да се појави неколку недели по ковид. Како што додале, Медисон никогаш не се опоравила целосно откако имала ковид во јуни, и честопати подоцна страдала од замор и висока температура, пренесе „Сан“.
Кога таа и нејзиното семејство во јули го посетиле музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон, Медисон рекла дека се чувствува вознемирена и одеднаш ѝ се слошило.
„ Одеше како да е пијана. Одеднаш таа пожолте и беше многу летаргична”, рекла нејзината мајка.
Кратко потоа, таа колабирала на метро станицата, па нејзините родители ја однеле во најблиската болница, каде лекарите утврдиле дека станува збор за детски мулти-системски воспалителен синдром (ПИМС). ПИМС го активира имунолошкиот систем, кој се бори против вирусот, но потоа дава премногу силни реакции кои влијаат на други делови од телото. Медисон потоа била префрлена во Кралската болница Бромтон, каде била третирана од кардиолози и пулмолози.
Мајката на Елизабет ги опиша ужасните моменти кога Медисон се борела за живот, бидејќи нејзиниот притисок целосно се намалил.
„ Немаше пулс, а нејзиното срце полека чукаше. Секунди ја одделија од срцев удар“, опишала Елизабет.
Лекарите потоа и вбризгале адреналин и лекови, пред да ја стават во вештачка кома.
Нејзината мајка рекла дека девојчето сега е многу подобро, но ќе мора да ја следи состојбата на срцето во следните пет години.
Педијатрискиот оддел на Кралскиот колеџ во Лондон соопшти дека ПИМС е многу редок синдром, кој се јавува кај помалку од 0,5 проценти од децата кои имаат или имале ковид.
ПИМС се карактеризира со осип, замор, слабост, отечена тироидна жлезда, црвени очи, болки во мускулите, црвени и испукани усни, лупење на кожата на дланките и стапалата на нозете, дијареа и повраќање, болки во стомакот и грчеви.