Утрински Весник
Македонија

Еден ранет, четворица приведени во престрелка во скопско Мојанци

Еден ранет, четворица приведени во престрелка во скопско Мојанци

65-годишно лице е рането а четворица се приведени по престрелка во скопското село Мојанци, соопшти полицијата.

Имено, вчера полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица, постапувајќи по пријава добиена во 21.30 часот од ГОБ „Наум Охридски“, каде бил донесен Ш.Н.(65) од с.Мојанци со повреди од огнено оружје.

Според пријавеното, додека го управувал своето патничко возило „голф“ во с.Мојанци, во Ш.Н. било испукано од едно лице од с.Арачиново, кое било со патничко возило „мерцедес Ц“, без регистарска ознака.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а возилата се обезбедени.

За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор