Утрински Весник
Свет

Еден од основачите на талибанците ќе застане на чело на новата авганистанска влада

Еден од основачите на талибанците ќе застане на чело на новата авганистанска влада

Еден од основачите на талибанското движење, мула Абдул Гани Барадар, ќе ја предводи новата авганистанска влада, која би можела да се формира наскоро, објавија денеска неименувани извори од таа исламистичка група.

На Барадар, кој раководи со политичката канцеларија на талибанците, на високите владини позиции ќе му се придружат и Мухамед Јакоб, син на починатиот основач на талибанското движење, мула Омар и Сер Мохамед Абас Станкзаи, потврдиле три извори, а пренесува „Ројтерс“.

„Сите најважни лидери пристигнаа во Кабул, каде што во завршна фаза се подготовките за објавување на новата влада“, изјавил талибански претставник за „Ројтерс“.

Талибанците, кои го освоија Кабул на 15 август, откако претходно го освоија поголемиот дел од земјата, се соочија со отпор во долината Панџшир, северно од главниот град, каде неколку илјади полицајци од регионалната полиција и преостанатите вооружени сили се собраа под водство на Ахмад Масуд. син на поранешниот командант на муџахедините, Ахмад Шах Масуд.

Сега, сепак, се чини дека се прекинати напорите во преговорите за решавање, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година