Утрински Весник
Свет

Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја.

Од потресот штета претрпеа неколку згради во Мелбурн.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Јужна Австралија и Нов Јужен Велс.

По првиотв следел два потреси со помал интензитет, од 4 и 3,1 степен.

Иако ова е најсилен земјотрес во Австралија, нема пријавени поголеми материјални штети, ниту извештај за евентуални жртви.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози