Утрински Весник
Македонија

Еден милион денари донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

Еден милион денари донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев потпиша договор за донација во висина од еден милион денари со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски.

Со договорот, што беше потпишан вчера, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари, кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на Министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот.

– Oвој чин на донација од еден милион денари што Министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на Министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество, се вели во соопштението од МВР.

За Министерството за внатрешни работи е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што, како што велат оттаму, добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер